11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина го демантираше светот, шокираше со скокот

Кина го демантираше светот, шокираше со скокот

kina-kina-juani

Девизните резерви на Кина во месец јуни неочакувано пораснаа за 20 милијарди долари, на 3,210 милијарди долари, закрепнувајќи од петгодишниот минимум од мај.

Девизните резерви на Кина на крајот на јуни изнесувале 3.210 милијарди долари, се наведува на официјалната интернет страница на Народната банка на Кина.

Економистите кои ги анкетираше Ројтерс предвидуваа намалување на резервите за 20 милијарди долари, на 3,170 милијарди долари.

Кинеските резерви, најголемите на светот, паднаа за 27,9 милијарди долари, на 3,190 милијарди долари во мај, што е најниското ниво од декември 2011 година.

Кинеската валута јуан падна на најниското ниво за пет ипол години, што ја оживеа загриженоста во поглед на „ладењето“ на кинеската економија и можното обновување на одливот на капитал, наведува британската агенција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП