27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕК ги проверува железничките оператори поради сомневања за картел

ЕК ги проверува железничките оператори поради сомневања за картел

rail 333

Европската комисија (ЕК) извршила серија рации во канцелариите на железничките оператори во Европа. Сомнежите се за склучување на договор помеѓу компаниите, со што се нарушува конкуренцијата на пазарот, пишува Комисијата, пренесува „Reuters“.

Контролите биле извршени во соработка со националните органи во неколку земји од Европската унија (ЕУ), станува јасно од пораката.

Традиционално кај такви акции од Брисел не беа објавени имињата на компаниите, ниту во кои земји се наоѓаат тие. Причината е дека проверките се вршат под сомневање за извршено кривично дело.

Ова е само прв чекор во постапката за утврдување на пазарните нарушувања. Претрес во канцелариите на одредена компанија не значи задолжително дека таа учествувала во манипулацијата на пазарот. Од ЕК го почитуваат правото на заштита на овие компании и тие ќе бидат слушнати во следната фаза од истрагата.

Според правилата на европското законодавство нема краен рок за завршување на постапката. Времетраењето зависи од повеќе фактори, вклучувајќи и ја комплексноста на случајот, начинот на кој компаниите ги усогласи своите постапки на пазарот, како и од тоа дали тие ќе го искористат своето право на заштита.

Монетарната санкција при докажување на нарушувањата е до 10% од прометот на компанијата која е виновна за релевантниот пазар на кој нејзините активности предизвикале нарушување на пазарната ситуација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП