Во текот вчерашниот на трговскиот ден со обврзницата за денационализација РМДЕН15 беше остварен промет од 18.623.901,35 денари, со истргувани 326.392 лотови преку 38 трансакции.
Овој промет преставува 82,14 отсто од вкупно остварениот дневен промет на берзата.
Две акции беа „милионери” на денот по прометот. Прва на листата, акцијата на Алкалоид АД Скопје оствари промет од 1.310.600 денари со истргувани 260 акции по просечна цена од 5.040,77 денари, по неа Комерцијална банка АД Скопје со промет од 1.162.270 денари и истргувани 528 акции по цена од 2.201,27.
Најголем пораст од 4,10 отсто имаше акцијата на Макпетрол, за која што имаше голем интерес и заврши на цена од 23.164 денари. По неа на листата следеа акциите на Топлификација АД Скопје со пораст од 3,70 отсто, и Македонија Турист со пораст од 1,50 процент.
МБИ10 порасна за 1,16 отсто и изнесуваше 1.780,16 индексни поени, додека ОМБ остана непроменет.