24 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАИзложба на полски плакат во Крива Паланка

Изложба на полски плакат во Крива Паланка

градски-музеј

Денес, со почеток во 12 часот во Уметничката галерија при ЛУ Градски Музеј – Крива Паланка ќе биде отворена изложба на полски плакат.

На изложбата на графички дизајн со наслов „Полската школа на плакат“ (Polska szkola plakatu) ќе бидат презентирани различни плакати направени од страна на неколку генерации полски графички уметници, вклучувајќи ги мајсторите на полската постерска уметност (Леница, Мајевски, Млодожењец, Старовјејски, Швиежи и Томашевски).

Изложбата е дел од иницијативата „МузеумЛинк 2016“ која на едно место собра повеќе музејски установи од Република Македонија, со цел меѓусебно да соработуваат на заеднички проекти и активности и да го збогатат културното живеење во повеќе македонски градови

Иницијативата е на Музеј на град Скопје, а досега во неа се вклучени Завод и музеј Штип, Завод и музеј Битола, Завод и музеј Охрид, Музеј на Тетовскиот крај Тетово, Народниот музеј Велес, Музеј на град Неготино, Музеј и галерија Кавадарци, Музеј Куманово, Народен музеј Свети Николе, Музеј на град Кратово, Градски музеј Крива Паланка, Музеј „Теракота“ Виница, Музеј Гевгелија, Завод и музеј Прилеп, Музеј „д-р Никола Незлобински“ Струга и др.

Изложбата на полски плакат во Крива Паланка ќе трае до 19 Јули.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП