Украинската влада ќе ја продолжи забраната за увоз на руски стоки до 31-ви декември 2017-та година, пренесе ТАСС. Одлуката е донесена за време на состанокот на Министерскиот совет.
„Време е да се продолжи дејството на забраната за увоз на царинското подрачје на Украина на стоки од Русија, утврдени со декрет на Министерскиот совет од 30-ти декември 2015-та година“, изјави првиот заменик премиер и министер за економски развој и трговија Стјепан Кубив.
Тој објасни дека одлуката за продолжување на санкциите спрема руската стока е подготвена за обезбедување на националната безбедност на Украина во одговор на внесените од Русија соодветни трговски забрани и ограничувања во однос на Украина.
Стјепан Кубив прецизира дека меѓусебните трговски ограничувања довеле до намалување на трговската размена меѓу двете земји со 42% од јануари до април 2016-та година.
Дејството на сегашната забрана требаше да заврши автоматски на 5-ти август 2016-та година или при укинување на забраната за увоз во Русија на стоки со земјоделска намена, производи и суровини од Украина.
Во Украина од 1-ви јануари 2016-та влезе во сила режим на зона за слободна трговија со Европската унија.
Во таква ситуација руското Министерство за надворешни работи истакна дека Русија е принудена да преземе мерки, рамнотежа за новите ризици за нејзината економија и престанување на важечкиот договор со Украина за слободна трговска зона.
Во рамките на оваа одлука Москва го забрани увозот на украински земјоделски производи, суровини и храна од 1-ви јануари 2016-та година, а како одговор на тоа Украина воведе од 10-ти јануари забрана за увоз на 43 вида стоки од Русија.