17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗаради санкциите кон Русија Западот загубил 60 милијарди долари

Заради санкциите кон Русија Западот загубил 60 милијарди долари

eu-rusija-rusija-eu-eu-eue-eu

Влијанието на антируските санкции на извоз од земјите кои ги поддржаа се проценува на 62,2 милијарди долари, а проценетите загуби до јули 2015 година се 60,2 милијарди долари, се наведува во документот што го објави францускиот Истражувачки центар за меѓународна економија.

Како што пренесува Спутник, во извештајот се наведува дека поголем дел од последиците е поврзан со стоката на која директно не се однесуваат руските реципрочни мерки, на пример земјоделските производи, што покажува дека поголем дел од загубите не е поврзан за реципрочните мерки на Русија, туку за санкциите на Западот.

Авторите на извештајот ги разгледуваат последиците од антируските санкции од две позиции: анализирајќи го влијанието на извозот во Русија на сите трговски партнери, користејќи ги податоците на ОН за трговијата со стоки и месечните податоци на ниво на француските компании и влијанието врз нив.

Така гледано, на земјите од ЕУ отпаѓаат 76,7 отсто од сите загуби, пишува во извештајот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП