3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААдеми: Успешно реализираните ИПА проекти ги зајакнуват националните капацитети

Адеми: Успешно реализираните ИПА проекти ги зајакнуват националните капацитети

ademi-ipa

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања Арбр Адеми во среда присуствуваше на завршниот настан на ИПА проектот “Зајакнување на капацитети за имплементација на законодавството за животна средина на локално ниво”.

„Одржливиот раст и заштитата на животната средина е една од оние теми кои предизвикуваат голем интерес на светско ниво, а се и меѓу клучните приоритети на Европската Унија. За тоа верувам дека успешната реализација на овој ИПА проект овозможи дополнително зајакнување на националните капацитети во земјата, а со тоа и за процесот на пристапување“, истакна вицепремиерот Адеми во своето обраќање.

Тој изрази увереност дека резултатите од овој проект ќе придонесат за значително подобрување во секторот на животната средина, а ќе има влијание и во подобрувањето на системите за транспонирање и спроведување на директивите за животна средина особено ако се има предвид комплексноста на ова поглавје.

Проектот се имплементираше во текот на 18 месеци при што главен корисник беше Министерството за животна средина и просторно планирање, како и 48 општини во Република Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП