Општина Центар ја реконструираше фасадата на зградата број 13 на булевар „Климент Охридски“, со површина од 2179 метри квадратни, на која е поставена енергетско ефикасна фасада.
Задржан е автентичниот изглед, а боите беа избрани во договор со станарите.
„Новата фасада овозможува многу подобри услови за живеење за станарите, кои сега ќе плаќаат за 30 % пониски сметки за електрична енергија“, велат од општина Центар.
Се работи за контактна фасада, изведена од стиропор со дебелина од 5cm и завршен слој од пластичен малтер. Заменети се и окапниците и олуците.
Ова е 11-та зграда по ред која ја реконструираше општина Центар. Средствата за реконструкција и на оваа фасада се одвоени од буџетот на општината.