25 април, 2025
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕБАКАЛ не е само ресторан, туку цела приказна!

БАКАЛ не е само ресторан, туку цела приказна!

bakal

Ресторанот Бакал е како мало островче во тетовското село Брвеница. Тоа не е само ресторан, туку цела приказна..Секој што ќе влезе внатре има чувство како да стапнува на друга земја, оти егзотичните растенија и жуборот на водата кои создаваат рајска градина навистина даваат посебен амбиент. Фонтаната, во ресторанот само ја надополнува приказната.  И надворешниот дел и внатрешноста се одликуваат со елегантно уреден простор со големо чувство за естетика.

bak

Посетителите имаат чувство дека се наоѓаат во некој екстра луксузен ресторан во странство. Покрај амбиентот ваквата слика ја надополнува и услугата и храната во ресторанот. Се е свежо и убаво приготвено. На менито има традиционална храна, интернационална, вегетаријанска, за секого по нешто. Свежо печено јагне, јаре, прасе, свежа риба, деликатеси како подгорче, капама, ѓомлек, но и foie gras,magre, t bone steak, tatar beef и многу повеќе.

????????????????????????????????????
????????????????????????????????????

Нуди топла, домаќинска атмосфера и извонредна храна што ќе го зачини вашето доживување, без разлика дали се работи за бизнис ручек, тренинг и дружење со вработените,  дружење со пријателите или романтична вечера со партнерот. Во преубавата атмосфера секој деловен состанок се претвора во позитивно искуство и конструктивен разговор.

Интересен детаљ се прекрасните растенија и секако внатрешниот ентериер кој е направен со многу чувство за естетика и пред се со многу љубов.

bakal

Доколку сакате да побегнете од градската бучава и да поминете неколку часа во еден уникатен и релаксирачки амбиент,  и да уживате во добрата храна, тогаш ресторанот Бакал е вистинското место за Вас.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП