2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПредавање на Глигор Бишев за банкарскиот сектор

Предавање на Глигор Бишев за банкарскиот сектор

rtc

Во заедничка организација на Ротаракт Клубот Скопје и најголемата меѓународна студентска платформа АИЕСЕК-Скопје, денес, на 15.04.2013 година (понеделник) во 12 часот во просториите на Економскиот факултет во Скопје, ќе се одржи предавање на темата “Како функционира банкарскиот сектор во Република Македонија”.  На огромно задоволство на организаторите, како гостин и говорник на ова предавање ќе се појави господинот Глигор Бишев, генерален директор и претседател на Управниот одбор на Стопанска банка.

Ротаракт Клубот Скопје, подмладокот на Ротари Клубот Скопје, постојано спроведува општествено корисни проекти, како и едукативни и културни настани.  Заедно со АИEСЕК, овој настан се организира со цел на заинтересираните студенти и младите професионалци одблизу да им се претстави банкарскиот сектор.

На предавањето г-динот Бишев ќе дискутира за темите и вредностите поврзани со функционирањето на банките во Република Македонија, конкуренцијата, успехот, лидерство и тимска работа, и како да се дојде до поуспешна кариера. Преку долгата кариера како еден од креаторите на новата македонска валута и иницијатор и поддржувач на некои од клучните реформи во Македонија, вицегувернер во Народната Банка на РМ и генерален директор на една од најуспешните банки во Република Македонија, г-динот Бишев ќе го сподели своето знаење и долгогодишното искуство во банкарскиот сектор на младите студенти.

aiesek

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП