27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКолку чини најбрзиот седан во светот?

Колку чини најбрзиот седан во светот?

sedani355

Откако пред неколку дена „Porsche“ ја претстави новата „Panamera“ за најбрз седан во светот, германскиот производител на спортски автомобили ги откри и цените на моделот за пазарите на Европа и САД. Новата генерација „Porsche Panamera“ е достапна во моментов во три верзии – две бензински и една дизелска.

Најприфатливата – „4S“, е бензинска користејќи твин-турбо „V6“ мотор со 440 КС и 550 Нм. Спринтот од 0 до 100 км/час кај неа трае 4,4 секунди (4,2 секунди со „Sport Chrono Paket“), максималната брзина достигнува 289 км/час, а просечната потрошувачка на бензин според податоците на производителот е околу 8 л/100км.

Цените на „Panamera 4S“ во Германија стартуваат од 113.000 евра (99.900 долари во САД).

Следна во ценовникот е дизел верзијата. Таа користи нов дизел „V8“ – најмоќниот мотор со такво гориво во историјата на брендот. Агрегатот развива 422 КС и 850 Нм, во комбинација е со систем за погон на четири тркала и обезбедува забрзување од 0 до 100 км/ч за 4,6 секунди. Просечната потрошувачка на гориво е 6,8 л/100км, а максималната брзина изнесува 285 км/час.

Цените на „Panamera 4S Diesel“ во Германија почнуваат од околу 117.000 евра (не е достапен во САД).

Максималната „Panamera Turbo“, која веќе оствари рекордни за седан 7 минути и 38 секунди на патеката Нирбургринг, е опремен со 4,0-литарски „V8“ мотор кој развива 550 КС и 770 Нм. Моторот е во комбинација со систем за деактивација на половина од цилиндрите, благодарение на тоа потрошувачката на гориво е сведена до 9,3 л/100км, тврдат од „Porsche“. И тоа под услов карактеристиките на моторот се зголемени со 30 КС и 70 Нм.

Оваа опција од место до 100 км/ч за 3,8 секунди (3,6 секунди со „Sport Chrono Paket“) и развива 306 км/час.

Цените на „Panamera Turbо“ во Германија почнуваат од импресивните 153.000 евра. (146.900 долари во САД).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП