7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТоп 10 банки во светот во 2016-та година (видео)

Топ 10 банки во светот во 2016-та година (видео)

icbc 3555

Кинеските банки продолжуваат да доминираат во најновата класификација Top 1000 на „The Banker“, но веќе покажуваат знаци на забавување на темпото. Добивката им паѓа со 3,5%, што е првото намалување од 2004-та година, а лошите заеми се зголемуваат, што е резултат на слабиот економски раст во Кина.

Во последните неколку години кинеските банки доминираа во листата, базирани на моќта на капиталот, или поради постоење на капитал од прв ред (Tier 1). Оваа година „Industrial and Commercial Bank of China“ (ICBC) ја задржува челната позиција, додека „China Construction Bank“ ја зазема втората позиција. Четири од првите пет банки во рангирањето се заземени од кинески институции.

„Големите кинески банки го зголемија капиталот побрзо од средствата во текот на минатата година, што укажува дека стануваат претпазливи, а освен тоа има и знаци на зголемување на лошите кредити“, вели уредникот на „The Banker“, Брајан Каплен.

„Во исто време добивките на кинеските банки се најголеми во светот и многу поголеми од оние на државните и европските банки“.

Американски банки се претставија добро во овогодинешното рангирање, па „JP Morgan“ во рангирањето е на третата позиција, „Bank of America“ е шеста, „Citigroup“ седма, а „Wells Fargo“ на осмото место.

Француските банки остануваат конкурентни, па „Credit Agricole“ го задржува 11-то место, а „BNP Paribas“ е 12-та. Добивката на француските банки се зголеми за 30%, додека на британските и германските отстапуваат од позициите. Добивката на британските банки паѓа за 22%, а „HSBC“ во моментов е единствената банка од Велика Британија во топ 10, заземајќи ја деветтата позиција.

Перспективите пред институциите од Островот се уште е неизвесна по изненадното гласање на земјата за напуштање на ЕУ. Во 2006-та година, пред финансиската криза, „HSBC“ беше втората најголема банка во светот, а „Royal Bank of Scotland“ е седмата најголема. Пријавените загуби од „Royal Bank of Scotland“ и „Standard Chartered“ и падот на добивката на „Barclays“ и „Lloyds“ придонесоа за намалување на профитабилноста на британските банки како целина.

nabk2

Добивката на германските банки паѓа за 63%, што е одраз на кризата во еврозоната и сега заостануваат зад банките од Азербејџан, Казахстан, Индија и Бразил по овој показател. Водечката германска банка „Deutsche Banka“ предвиде загуба за 2015-та година и 18% намалување на капиталот, што е најголем меѓу водечките 25 банки. Како резултат на тоа банката падна од 16-та до 21-та позиција во светската листа.

Во 2006-та година, европските банки сочинуваа 42% од профитот на светската банкарска индустрија. Сега тие придонесуваат со само 16%. За споредба, уделот на Кина пак се зголеми од 4% до 32% за истиот период.

Уделот на државните банки останува постојан – 27% во 2006-та година и 21% во моментов.

Клучните пазари во развој, како Бразил, Индија и Русија, се претстават лошо во рангирањето поради наглата девалвација на валутите и односот на доларот и/или како последица на падот на цените на суровините, кој доведе до забавување на стапката на раст на нивните економии.

Руската „Sberbank“ падна за 12 места на листата – до 51-та позиција, додека бразилската „Itau“ губи 16 позиции отстапка до 57-то место. Добивката на индиските банки се намалуваат за 65%, а голем број од нив предвидоа загуби. Најдобриот поврат на вложениот капитал се уште се постигнува на пазарите во развој, а просечното ниво за Африка е 28%, 22% за Централна и Јужна Америка и 16% за Азија, во споредба со 8% во Западна Европа.

Еве кои се 10-те банки во челото на листата на „The Banker“:

10. Mitsubishi UFJ (Јапонија)

Капитал од прв ред: 131.753 милиони долари

Место во минaтогодишниот рејтинг : 10

9. HSBC (Вeлика Британија)

Капитал од прв ред: 153.303 милиони долари

Место во минaтогодишниот рејтинг : 9

8. Wells Fargo (САД)

Капитал од прв ред: 164.584 милиони долари

Место во минaтогодишниот рејтинг : 8

7. Citigroup (САД)

Капитал од прв ред: 176.420 милиони долари

Место во минaтогодишниот рејтинг: 7

6. Bank of America (САД)

Капитал од прв ред: 180.778 милиони долари

Место во минaтогодишниот рејтинг: 5

5. Agricultural Bank of China (Кина)

Капитал од прв ред: 185.607 милиони долари

Место во минaтогодишниот рејтинг: 6

4. Bank of China (Кина)

Капитал од прв ред: 198.068 милиони долари

Место во минaтогодишниот рејтинг: 4

3. JPMorgan Chase (САД)

Капитал од прв ред: 200.482 милиони долари

Место во минaлогодишниот рејтинг: 3

2. China Construction Bank (Кина)

Капитал од прв ред: 220.007 милиони долари

Место во минaлогодишниот рејтинг: 2

1. ICBC (Кина)

Капитал од прв ред: 274.432 милиони долари

Место во минaлогодишиот рејтинг: 1

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП