11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНедовербата кон политичарите ги турка цените на златото кон рекорди

Недовербата кон политичарите ги турка цените на златото кон рекорди

злато-пато

Поради сé поизразениот пад на приносите од обврзниците во негативните територии, цените на златото во следните осумнаесет месеци може да се вратат на нивоата кои последен пат беа регистрирани пред пет години, кога Европа ја потресуваше должничката криза.

Златото е атрактивно за вложување во моменталната атмосфера кога е сé помала доверба на вложувачите во политичарите, што е видливо и од одлуката на британските избирачи за напуштање на Европската унија, оценува за CNBC Јерг Кјенер, главен инвестициски директор на „Swiss Asia Capital“,

„Тој пад на довербата резултира со тоа што инвеститорите бараат алтернативни форми на вложувања, особено во опкружувањата каде што владите го надгледуваат севкупниот пазар на инструментите на фиксниот принос, а кои се негативни. Кај златото нема негативни приноси, нови понуди, а производството опаѓа“, вели Кјенер.

Цената на златото во вторникот се движеше благо под 1.350 долари за унца, откако за само петнаесетина дена благородниот метал поскапе за 100 долари. Досега годинава неговата цена скокна за 27 отсто. Обновените стравувања за влијанието на Brexit-от би можеле да бидат дополнителен поттик за растот на цените, сметаат аналитичарите, па не би било чудно цената да го достигне рекордните нивоа од над 1.900 долари за унца.

Податоците на Bloomberg покажуваат дека физичките резерви на злато на берзанско тргувачките фондови (ETF), коишто ја следат неговата цена, кон крајот на минатата седмица пораснале за 37 тони на неделно ниво, на 1.959 тони. За споредба, резервите биле на највисокото ниво во 2012 година, кога изнесувале 2.632,5 тони.

Меѓутоа, не го споделуваат сите мислењето дека златото ќе продолжи да расте. Швајцарската банка „Credit Suisse“ е неутрална кога станува збор за златото, а во следните три месеца предвидува дека цената на златото ќе се симне на 1.300 долари за унца. За една година цента би требала да биде уште пониска, на 1.150 долари за унца.

„Златото е зависно од интересот на вложувачите, а пазарот е колеблив“, оценува аналитичарот на банката Жак Су.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП