18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААнастасија Илиеска е нов директор на УЈП

Анастасија Илиеска е нов директор на УЈП

ilieska ujp 444

Досегашниот државен секретар во МВР, Анастасија Илиеска е нов директор на Управата за јавни приходи.

Таа доаѓа на местото на Петар Есмеров, кој на оваа фунција беше една недела откако неговиот претходник Кирил Миноски беше назначен за министер за финансии.

Илиеска во екот на мигрантската криза беше активна на терен и со меѓународни претставници ги посетуваше бегалците на Табановце и во Гевгелија.

Додека Оливер Спасовски беше министер за внатрешни работи, обвинуваше дека Владата преку државната секретарка во МВР, Анастасија Илиеска, се обидува противзаконски да раководи со МВР.

Изминативе месеци од опозицијата бараа да објасни од каде ѝ е стекнат имотот, на што таа одговори дека имотот го поседува уште пред да стане државен секретар.

Илиеска дипломирала на Универзитетот  „Свет Климент Охридски” во Битола, Економски факултет Прилеп генерација во 1992 година. Во својата кариера од 2001 до 2014 работела како самостоен даночен советник во УЈП. Во периодот од 2009 до 2014 била член на советот на Општина Прилеп.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП