15 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако да го вработите идеалниот кандидат?

Како да го вработите идеалниот кандидат?

People Waiting in Line

Вработувањето на врвни кандидати не е лесна работа, дури ни кога се работи за големи компании. До најдобрите членови на тимот се доаѓа со препорака.

Луѓето, кои се препорачани од сегашните вработени остваруваат 25 проценти повеќе профит, а исто така постојат и 20 проценти помали шанси вработениот да даде отказ во однос на оние кои до работа дошле преку стандардните патишта – преку оглас.

Некои компании препораките за новите работници ги бараат по пат на електронска пошта, додека пак, „Facebook“ и „Dropbox“ имаат тајна техника за да се дојде до што подобар кандидат. Во прашање се посебни, не формални состаноци каде вработените во директен разговор со ХР тимот препорачуваат одредени луѓе.

Ако се одлучите за овој вид на состанок, важно е тој да трае кратко – помеѓу 30 минути и еден час. Не треба да ги одржувате овие состаноци почесто од еднаш месечно.

Овие не се формални „страшни“ состаноци. Атмосферата мора да биде забавна, за која се заслужни музиката, освежувањето, а некои компании на оваа комбинација додаваат и подароци.

Погрижете се сите вработени кои ќе учествуваат на овие состаноци да бидат запознаени со профилите кои ги бара компанијата. Исто така, информирајте ги за сите важни елементи поврзани за отворените работни места.

Изградете култура на препорака. Компанијата би требало отворено да разговара за целите на вработувањето.

Не заборавајте да им се заблагодарите на оние вработени кои ви препорачале некоја личност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП