3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТешки времиња за фондовите за имот на Островот

Тешки времиња за фондовите за имот на Островот

imot funta

Трет фонд за инвестиции во недвижности во Велика Британија ја запира трговија во рамките на неколку дена.

„M & G“ – единицата за управување со готовински средства на осигурителната компанија „Prudential“, ќе ја прекине трговијата на британското портфолио на недвижен имот во вредност од 4,4 милијарди фунти (5,74 милијарди долари).

Прв беше Фондот на инвестициската компанија „Standard Life“, која планира да ја ревидира одлуката на секои 28 дена. По рефередумот за членството на земјата во Европската унија (ЕУ), таа прво ја намали вредноста на средствата во фондот со 5%.

Вториот запрен фонд за имот на Островот е на друга голема инвестициска компанија во секторот на недвижностите во Европа – „Aviva“.

„M & G“ наведува во соопштението дека инвеститорите во фондот масовно почнаа да ги повлекуваат вложувањата поради високото ниво на несигурност на британскиот пазар на недвижности по резултатите на референдумот за членството на земјата во ЕУ. Во анкетата 52% од Британците го поддржаа заминувањето од блокот.

Компанијата исто така смета да ја преиспитува одлуката на секои 28 дена.

Фондот инвестирал во речиси 180 имоти на Островот – трговски, индустриски и канцеларии.

Уште пред референдумот приватните инвеститори во фондовите за имот повлекоа сериозен обем од инвестициите поради стравувањата дека Велика Британија ќе избере самостоен пат за развој надвор од Унијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП