25 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција почнува со постепено отстранување на мерките за контрола на капиталот

Грција почнува со постепено отстранување на мерките за контрола на капиталот

grcija evro 003

Од следната недела Грција ќе започне постепено да ги елиминира мерките за контрола на капиталот.

Ова го соопшти министерот за финансии на земјата Евклидис Цакалотос, цитиран од грчкиот весник, „Катимерини“.

Атина наметна ограничувања пред паричните трансфери во минатата година, за да избегне масовен одлив на капитал поради политичката криза и споровите со кредиторите.

Цакалотос изјави за државната телевизија ЕРТ дека првата серија мерки за отстранување на ограничувањата ќе бидат насочени кон помагање на извозниците.

Тој додаде дека секој месец ќе бидат размислувани дополнителни чекори, но истакна дека не очекува целосно укинување на контролата, додека Грција не добие позитивна оценка од меѓународните кредитори за ревизија на втората спасувачка програма.

„Немаме интерес од забавување на контролата и треба да се држиме до своите обврски, па да ја создадеме потребната стабилност“, рече тој.

Цакалотос сепак призна дека не се очекува преговорите да поминат без „некои судири и несогласувања“.

Грчкиот министер за финансии истакна потребата од ангажман од страна на доверителите за олеснување на грчката должничка криза, велејќи дека Меѓународниот монетарен фонд ги поддржал од таа гледна точка. Тој додаде дека одложувањата во преговорите често се должат на несогласувањата меѓу четирите институции одговорни за спасувачката програма на земјата, и не е исклучено тоа да се случи и во новиот круг преговори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП