27 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАЈон Карамитру – Актер на Европа 2016

Јон Карамитру – Актер на Европа 2016

актер-еу

Во среда во амфитеатарот во Ресен, свечено ќе се биде отворено годинешното 14-то по ред издание на интернационалниот театраски фестивал „Актерот на Европа“, а добитник на наградата за животно дело „Актерот на Европа 2016“ е светски познатиот и признати актер и режисер од Романија – Јон Карамитру.

Покрај ова, Јон Карамитру, исто така, ќе биде прогласен и за почесен доктор на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕФТА –Скопје, кој заедно со Општината Ресен и Здружението на граѓани „Езеро без граници“, се организатори на фестивалот.

На свеченоста ќе бидат доделени и наградите „Клучевите на Преспа“, кои му се доделуваат на истакнати личности од научната и образовната сфера, а годинешни добитници се академик Владо Матевски од Македонија и д-р Андраж Чарни од Словенија.

Во рамките на програмата на фестивалот ќе бидат прикажани шест претстави од Македонија, Црна Гора, Србија, Бугарија и Франција, а за наградите ќе одлучува жирито во состав: Мето Јовановски – претседател, Гоце Ристевски и Рубенс Муратовски.

Во текот на фетивалот ќе се одржи театарска работилница меѓу Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕФТА – Скопје и Театарот Атеље Панта од Нормандија, во кое ќе учествуваат четири студенити од класата на Рубенс Муратовски при Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕФТА – Скопје, кои заедно со нивните колеги од Франција, во пероидот од 7 Јули до 10 Јули, ќе работат на претставата на Аполинер, а специјален гостин на работилницата ќе биде академик Влада Урошевиќ од МАНУ, при што ќе се промовира неговата книга посветена на Аполинер.

Јон Хориа Леонида Карамиру ( 9 март 1942) е романски театарски и филмски актер, режисер, како и политичка фигура. Тој беше министер за култура во периодот помеѓу 1996 и 2000 година.

Роден во влашко семејство во Букурешт, дипломира на I. Л. Caragiale Институтот за театар и филмска уметност во 1964 година, откако предходната година дебитираше на сцената со насловната улога во реномираната изведба на Хамлет од Вилијам Шекспир на театарот Bulandra. Тој продолжува со неговиот ангажман во Bulandra, истовремено настапувајќи во претстави од Националниот театар во Букурешт и од разни други театри.

Карамитру игра главни ликови во серијата театарски продукции со режисери како Liviu Ciulei, Moni Ghelerter, Andrei Şerban, Liviu Purcărete, Sandra Manu, Cătălina Buzoianu, Alexandru Tocilescu, и Sică Alexandrescu (настапувајќи и во претстави како Steaua fără nume на Mihail Sebastian, „Смртта на Дантон“ од Георг Бихнер, „Орестија“ од Есхил, „Трамвајот наречен желба“ на Тенеси Вилијамс, „Лажливецот“ од Карло Голдони, и во голем број на дела на Шекспир.

Како режисер на театарски, оперски, и оперета продукции, Карамиру особено се истакнува со делата на Frederick Loewe (Мојата убава дама), Marin Sorescu (Трета клада), Бенџамин Бритн (Малиот чистач), Алексеј Николаевич Арбузов (Лагата), и Шекспир (Венецијанскиот трговец); неговите адаптации на Трагедијата на Кармен во постановката на Питер Брук и Евгениј Онегин од Петар Илич Чајковски беа изведени не сцената на Операта во Белфаст, Северна Ирска.

Карамитру има настапувано во повеќе од 30 филмови, а своето деби со споредна улога го има во во Шумата на обесениот (1964) на Liviu Ciulei. Меѓу неговите најпознати улоги се вбројуваат Vive во Dimineţile unui băiat cuminte (1966), Gheorghidiu во Între Oglinzi parallele (1978), ŞtefanLuchian во Luchian (1981), и Сократ во серијата Liceenii (1985-1987). Подоцна во животот, Карамитру имаше мали улоги во странски филмови: тој беше анархист во Кафка (1991), Tatevsky во Citizen X (1995), Zozimov во Mission: Impossible (1996), грофот Фонтана во Amen (2002), а бугарски имигрант во Ирска во Adam & Paul (2004).

За својата работа во воспоставувањето на британско-романските културни врски, Карамитру беше именуван Офицер на Редот на Британската Империја. Во 1997 година, Министерството за култура на Франција му ја додели титулата на Chevalier des Arts et des Lettres.

Во мај 2005 година, тој победи во трката за директор на Народниот театар од Букурешт, на местото на Дину Сарару.
ПРОГРАМА

6 Јули, Локација Амфитеатар, Ресен, 21:00 ч.

Свечено отворање на фестивалот:
• Прогласување на Јон Карамитру за Актер на Европа и Доктор Honoris Causa на Универзитетот за аудиовизуелни уметности, ЕФТА, Скопје
• Проекција на филм за Јон Карамитру – 15 мин.
• Беседа на Жорж Бани – Професор на Сорбона и претсетател на Интернационалната Асоцијација на театеарски критичари (AICT)
• Беседа на Јордан Плевнеш, основач на фестивалот
• Врачување на наградата Актер на Европа од градоначалникот на Ресен, Ѓоко Стрезовски
• Врачување на наградите „Клучевите на Преспа 2016“ на Д-р Андраж Чарни од Словенија и на академик Владо Матевски – Македонија
• Настап на трите елитни актери на трите јазици на езерото:
Мето Јовановски, Македонија
Димитри Оргоцка, Албанија
Криса Јоаниду, Грција

„Умирам пеејќи, Наум Манивилов-Преспански“
по текст на Петре М.Андреевски „Сите лица на смртта“ во адаптација на Биљана Тодоровска
Режија: Сотир Чаушевски
Актерка: Марија Кондовска
Асистент на режија: Ѓоко Таневски-Бифо
Уметнички соработници: Петар Стојчевски-Бардак, Дамир Емин, Ѓорги Ставревски
7 Јули, Локација Сарај – Ресен, 21:00 ч.

„Адам и Ева“
Мирослав Крлежа, “ЈУК Херцег Фест”, Црна Гора
Адаптација и режија: Слободан Милатовиќ
Сценографија: Слободан Милатовиќ
Костимографија: Лина Лековиќ
Сценски движења: Ферид Карајица
Дизајн на светло: Мили Маловиќ
Актери: Бојана Малиновска, Данило Бабовиќ, Милош Пејовиќ, Срѓан Ѓорѓевиќ
Продуцент: Олга Вукмировиќ
Организација и техничка екипа: Милутин Вукичевиќ, Милош Зечевиќ, Никола Копривица
8 Јули, Локација Сарај – Ресен, 21:00 ч.

„Надежда Петровиќ“,
адаптација на текст: Биљана Ѓуровиќ,
Фестивал на монодрама и пантомима,
Земун – Србија
Режија: Божидар Ѓуровиќ
Костимографија и сценографија:
Марина Вукасовиќ-Меденица
Музика: Светислав Божиќ
Актерка: Биљана Ѓуровиќ
Дизајн на тон: Зоран Јерковиќ

9 Јули, Локација Сарај – Ресен, 21:00 ч.

„Се на масата“
монодрама на Васил Дуев
по текстови на Чарлс Буковски,
Театар „Љубомир Кабакчиев“, Казанлак – Бугарија
Сценска адаптација и режија: Ана Батева
Актер: Васил Дуев
Музика: Стефан Здравески
Дизајн на плакат: Коста Батев
Фотограф: Наке Батев
Видео: Александар Иванов
10 Јули, Локација Сарај – Ресен, 21:00 ч.

„Градите на Тиресијас“
Гијом Аполинер, Франција
Режија: Франсоаз Лабрус
Актери: Патрис Буги, Натали Дезмортро, Жан-Ноел Лефевр, Ромен Моте, Катерин Пере, Румена Шопова, Моника Ставревска, Мишо Димитријевски, Антониј Ѓорѓиев Илиоски
Музика: Жермен Албер-Биро
11 Јули, Локација Сарај – Ресен, 21:00 ч.

„Гопоѓица Јулија“
Аугуст Стринберг, „Театар Фабрика“, Македонија
Режија: Ѓорѓи Ризески
Актери: Миа Кантарџиева, Теоман Максут, Емине Халил
Кореографија: Ирена Лозинска
Дизајн и фотографија: Деана Андоновска
Костимографија: Драгана Таневска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП