5 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБанката на Англија ги ублажи мерките за банките за полесно да се...

Банката на Англија ги ублажи мерките за банките за полесно да се соочи со Брегзит

bank of england 335

Банката на Англија објави дека го намалува задолжителното издвојување на капитал за банките за да ослободи повеќе пари за кредити за компаниите и домаќинствата и да се соочи со можните предизвици по Брегзит.

Банката во соопштението наведува дека некои од ризиците предвидени за економијата на земјата пред одржувањето на референдумот за излегување на Британија од ЕУ почнале да се материјализираат.

Банката наведува дека ќе настапи период на „неизвесност и прилагодување“ по референдумот и дека може да се очекува „пазарна и економска нестабилност“ додека тој процес се одвива.

Одборот за финансиска политика на британската централна банка наведе во денеска објавениот извештај по состаноците одржани на 28 јуни и 1 јули, дека комерцијалните банки нема да мораат да издвојуваат одредена сума, што требаше да биде воведено следната година, со што за кредити потенцијално се ослободуваат до 150 милијарди фунти(200 милијарди долари).

Од референдумот до 1 јули британската фунта во просек падна девет отсто, а нејзината нестабилност во однос на доларот достигна високо историско ниво, наведе Банката на Англија и додаде дека вредноста на акциите на големите банки просечно падна за 20 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП