5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДогодина Русија најверојатно ќе го потроши резервниот фонд

Догодина Русија најверојатно ќе го потроши резервниот фонд

rublja 335

Русија ќе го потроши едниот од суверените фондови во текот на следната година, за да го покрие буџетскиот дефицит. Другиот резервен фонд се предлага да се намали за речиси една шестина. Тоа го предвидува предлогот на руското Министерство за финансии во владата.

Предлогот предвидува кон крајот на 2017-та година во резервниот фонд на Руската Федерација да не останат пари. Од Фондот за национална благосостојба пак ќе бидат потрошени 783 милијарди рубљи (12,2 милијарди долари).

Министерството за финансии планира уште да го зголеми внатрешносто нето кредитирање до 1,29 илјади милијарди рубљи во следната година во однос на 300 милијарди рубљи во оваа година, станува јасно од документот.

Предлогот се уште не е одобрен од страна на Владата.

Дефицитот на рускиот буџет силно се зголеми во позадина на драстичното поевтинување на нафтата и западните санкции поради улогата на Москва во украинската криза.

Руските државни фондови треба да обезбедат амортизери во случај на поевтинување на нафтата и гасот, кои формираат основен дел од извозот на земјата.

При тековното ниво на трошоците веќе некое време е јасно дека резервниот фонд, кој во почетокот на 2014-та година имаше 87 милијарди долари, ќе биде исцрпен околу 2017-та година.

Предлогот на Министерството за финансии е сигнал дека властите не успеале да најдат заштеди или извори на дополнителни приходи од други места.

Покрај двата фондови, Русија располага и со значителни златни и девизни резерви, кои по потреба може да се користат за поддршка на националната валута.

Фондот за националната благосостојба, во кој на почетокот на јули имаше 73 милијарди долари, не е наменет да го покрие буџетскиот недостиг, туку да обезбедува исплата на идните пензии, како дел од него е предвидена и за инвестициски проекти. Според предлогот на Министерството за финансии, Русија ќе потроши од него 883 милијарди рубљи во 2018-та година и 87 милијарди рубљи во 2019-та година.

Значителен дел од фондот веќе е инвестиран во финансиски средства и насочен кон инвестициски проекти, што ги ограничува износите кои можат да бидат потрошени за покривање на буџетскиот дефицит.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП