2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈунекер: Brexit-от е резултат и на системско дезинформирање за ЕУ

Јунекер: Brexit-от е резултат и на системско дезинформирање за ЕУ

junker 243

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер тврдеше денес во Европскиот парламент дека ЕК не може да биде одговорна за исходот од референдумот со кој Велика Британија ја напушти Европската унија, како и дека тој резултат треба да се припише и на долгогодишното создавање негативна слика за ЕУ „базирана на измислици“.

„Се лажеше со децении и резултатот го имаме пред себе“, изјави претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер пред пратениците во Европскиот парламент на крајот од дебатата за заклучоците од состанокот на Европскиот совет одржан на 28-ми и 29-ти јуни посветен на британското излегување од Европската унија. Притоа Јункер тврдеше дека со децении систематски се промовирал ставот дека ЕУ е проект насочен против народите и нивните суверенитети.

„Се измислува и натаму“, продолжи Јункер велејќи дека последните денови чита дека претседателот на Европската комисија бара сите членки на ЕУ да го воведат еврото.

„По децениите антиевропска пропаганда и мноштвото лаги не треба да се чудиме зошто луѓето гласале како што гласеле. Не зборувам само за британските медиуми. Читам оти мислам дека на сите треба да им се воведе еврото, но на тоа ниту помислувам. Дека сум ја повикал Шкотска, што не е вистина. Или дека сакам да ги укинам државите, а познато е дека секогаш зборувам дека ЕУ мора да ги почитува националните држави. Предупредувам да ги избегнуваме поедноставените расправи кои се во тек. На крајот, против сум ревизиите на договорот коишто би ја продлабочиле веќе постојната поделба“, порача Јункер.

Референдумот во Обединетото кралство не може да биде основа за процена и обликување на политиките на ЕУ, бидејќи тука не се работеше за еврото или политиките на штедење на еврозоната, бидејќи Обединетото Кралство го нема еврото, а исто така, не може да се каже дека станува збор за прашања како Шенген, заедничката европска одбрана или војска, бидејќи ниту нив Британците ги немаат, оцени Јункер.

Во врска со самата расправа во Европскиот парламент, претседателот на Европската комисија забележа дека делумно и не била директно врзана за британското излегување, туку некои пратеници ја користеле за да го кажат она што и инаку го зборуваат критикувајќи ги европските институции и Комисијата или повикувајќи ја Комисијата на одговорност.

„Мојата Комисија е создадена за да работи на реформи. Тоа е нашиот мандат и ќе продолжиме да работиме. Не дозволувам некој сега да ме уверува дека тоа што сме го правеле е погрешно, бидејќи сега го имаме Brexit“, одговори Јункер на некои од говорите на европските парламентарци.

„Граѓаните бараат модернизација на европските институции и ние се откажавме од 100 законски предлози и проследивме само 23, токму за да ја ограничиме бирократијата. Понекогаш токму државите членки и парламентот бараат интервенција на Комисијата во прашања кои не се во нашата надлежност“, додаде Јункер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП