13 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕК ги зголемува напорите за борба со сајбер криминалот

ЕК ги зголемува напорите за борба со сајбер криминалот

image_cybersec

Европската комисија (ЕК) ги зголемува напорите за борба со сајбер криминалот, станува јасно од пораката на Брисел. Од Комисијата се повикуваат на студија на „PWC“, според која минатата година најмалку 80% од европските компании имале барем еден инцидент поврзан со сајбер безбедноста.

Општо земено бројот на слични инциденти за сите индустрии во светот во 2015-та година е зголемен за 38%, покажуваат податоците на консултантската компанија.

Од ЕК велат дека проблемите со безбедноста им нанесуваат штета на европските компании, а и ја загрозуваат довербата во дигиталната економија.

Затоа и во Брисел е подготвен акционен план, кој предвидува создавање на јавно-приватно партнерство во областа на безбедноста. Во него ќе учествуваат членовите на националните, регионалните и локалните јавни администрации, истражувачки центри и академијата. ЕУ ќе инвестира 450 милиони евра во ова партнерство, а средствата ќе доаѓаат од програмата за истражување и иновации „Хоризонт 2020“.

ЕК ќе преземе и други иницијативи за подобрување на ситуацијата со сајбер безбедноста. Меѓу нив пример е изготвување на рамка за сертификација на производи за безбедноста, олеснет пристап до финансирање за малите претпријатија кои работат во оваа област и подобрување на прекуграничната соработка при голем „киберинцидент“.

Во Брисел очекуваат Европскиот парламент да одобри и Директивата за мрежна и информациска безбедност. Текстовите предвидуваат создавање на мрежа од екипи за реагирање при инциденти со компјутерската безбедност во целата ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП