22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДаночните приходи на Грција скокнаа за 32,9 проценти во јуни

Даночните приходи на Грција скокнаа за 32,9 проценти во јуни

Grcka-i-prihodi

Според извештајот на Генералниот секретаријат за јавни приходи, нето даночните приходи пораснале за јуни за 32,9 проценти во однос на истиот месец за 2015 година, на вкупно 3,74 милијарди евра, што е за 1,33 проценти над буџетското целно ниво, пренесува грчката агенција АНА.

Во шестмесечниот период од јануари до јуни тековната година, остварени се даночни приходи од 20,93 милијарди евра, или за 3,72 проценти повеќе од планираните.

Генералниот секретаријат за јавни приходи соопшти дека очекува дека тој позитивен тренд ќе продолжи и во наредните месеци.

Јунските приходи не биле поголеми само во однос на истиот лански месец туку и во споредба со јуни 2014. Даночните власти најавија дека ќе ги зголемат напорите во борбата против затајувањето на данок во текот на летните месеци, преку интензивни контроли во туристичките региони на земјата, додаде грчката новинска агенција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП