12 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАШелинг: Британија нема да ја напушти ЕУ

Шелинг: Британија нема да ја напушти ЕУ

seling 3535

Британија нема да ја напушти Европската унија и покрај одлуката за излегување од 28 члениот блок што ја изгласа на референдумот на 23 јуни, рече австрискиот министер за финансии Ханс Јерг Шелинг.

„За пет години ЕУ и натаму ќе има 28 држави членки“, рече Шелинг во интервјуто објавено во вторник во германскиот економски дневен весник “Handelsblat”, пренесува AFP.

Овој поранешен бизнисмен вели дека европските лидери разговарале за „сите можности“, од тоа Британија да остане во ЕУ, до заклучување на „договорот за слободна трговија според швајцарскиот или норвешкиот модел“.

Шелинг смета дека Британија би можела да се распадне, со тоа што Шкотска и Северна Ирска, каде што мнозинството гласаше за останување во ЕУ, би останале во составот на ЕУ, додека Англија, која беше за Брегзит, би тргнала по својот пат.

На историскиот референдум на 23 јуни 52 отсто од Британците гласа за заминување од ЕУ, додека 48 отсто гласаа за останување, а од тој момент земјата е во политичка криза.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП