18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ: Очекуваме силен економски раст во Полска

ММФ: Очекуваме силен економски раст во Полска

poljska

Меѓународниот монетарен фонд – ММФ соопшти денес дека очекува силен економски раст на Полска во 2017 година, но дека контроверзните домашни мерки и забавениот раст на еврозоната можат да претставуваат ризик по економијата на таа земја.

„Бруто домашниот производ (БДП) на Полска ќе забрза на 3,7 проценти во 2017 година од 3,5 проценти во оваа година, благодарение на силната лична потрошувачка поддржана со новата шема за детски додаток“, се наведува во извештајот на ММФ, а пренесува агенцијата Франс прес.

Прогнозата на ММФ за економскиот раст на Полска за оваа година е благо пониска во однос на проекциите на владата во Варшава од 3,6 проценти.

Меѓународната институција, сепак, предупреди на колебањата на финансискиот пазар и забавувањето на пазарите во развој, што, како што наведува, би можело да се прелие на Полска.

„Контроверзните домашни политички иницијативи или неисполнувањето на фискалните цели би можело да ја влошат довербата на инвеститорите и да го загрозат економскиот раст“, се додава во извештајот.

Полската партија „Право и правда“ победи на избрите во октомври 2015 годна, ветувајќи великодушна социјална потрошувачка.

Таквата потрошувачка, според оценките на ММФ, ќе го зголеми буџетскиот дефицит на 2,8 проценти од БДП во 2016 година и на повеќе од 3,0 проценти од БДП во 2017 година во однос на 2,6 проценти во 2015 година.

Фондот исто така ја предупреди Полска да не ја враќа старосната граница за пензија на 65 од 67 години за мажи и од 65 на 60 за жени поради избегнување на негативните ефекти по буџетот.

Полска, со популација од 38 милиони жители, сеуште е една од најбрзо-расечките економии на ЕУ, наведува АФП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП