4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСе што не сте знаеле за Мекдоналдс

Се што не сте знаеле за Мекдоналдс

mcdonalds

На симболот за американски живот и еден од највредните брендови во светот, во моментов не му цветаат рози.

Конкурентниот ланец „Subway“ го надмина Мекдоналдс во 2011 година со поголем број на локации во целиот свет, а уште полоши вести се појавија во 2012 година, кога профитот опадна за прв пат од 2003 година, вели Хуфингтон пост.

Иако во последните години се обидува да воведе, нова, квалитетна исхрана, имиџот на Мекдоналдс сеуште се поврзува со ефтината и штетна храна наменета за пониската класа.

Секој напор е за пофалба, но овие 11 работи се оние кои не сакате да ги знаете за Мекдонлдс.

Огромна разлика во платите

Разликата во богатството помеѓу извршниот директор и работниците е двојно поголема во последните десет години, а работниците во последните години се освестија и решија да организираат масовни протести со цел да им се зголеми платата.

Маркетинг насочен кон децата

Мекдоналдс е постојано под удар на критики поради неговиот маркетинг кој е насочен кон децата. Всушност, во последните години количината на рекламирање е зголемена, а познато е дека компанијата поклонува 1,5 милијарди играчки секоја година.

Уништување на прашумите

Во 2006 „Greenpeace“ го обвини Мекдоналдс дека користи соја семиња, кои се одгледуваат на исчистени површини, поради кои претходно се сечат прашумите.

Искористување на работниците

Малите плати на работниците веќе ги споменавме, но сопственикот на една од франшизите отстапи откако се откри дека работниците ги плаќа под минимално пропишаната сатница.

Опасни кафиња

Добро е познат скандалот од 1992 година, кога 79-годишната Стела Лејбек се здоби со изгореници од трет степен откако се потопи со кафе од Мекдоналдс. Судот на крајот пресуди во нејзина корист, со што таа беше обештетена во висина од 500.000 долари, а наскоро и другите клиенти покренаа тужби.

Работата е во опаѓање

Иако често се воведуваат нови производи, компанијата очигледно не може да го погоди вкусот на потрошувачите, па така, профитот е намален од минатото лето.

Користење на расипано пилешко месо

Кинеската телевизија во 2012 година го обвини ланецот ресторани дека во своите кинески оброци служи пилешко месо кое е со истечен рок на траење.

Дебелеење на децата

Многумина тврдат дека токму Мекдоналдс е најголемиот предизвикувач на дебелеење кај децата, но од компанијата го отфрлаат тоа. Сепак, тие тајно воведоа и овошје во детските оброци.

Вработените работат и на Божиќ

Изминатите години, Мекдоналдс започна да ги принудува своите франшизи да работат и на Божиќ, а за минатите божиќни празници вработените не добија бонус за прекувремена работа.

Продажба на штетни овесни снегулки

Откриено е дека овесните снегулки (кои се рекламираат како здрава алтернатива за останатата храна од понудата) содржат шеќери исто колку и две чоколадца Сникерс и малку помалку калории од обичен чизбургер.

Некои производи беа целосно промашување

Така, „McLobster“ неславно пропадна, додека „McDLT“ предизвика контроверзии поради пакувањето од стиропор кое не се разградува биолошки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП