24 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦентралната банка на Израел купува стотици милиони долари

Централната банка на Израел купува стотици милиони долари

sekel dolar 33

Во понеделникот Централната банка на Израел купила „стотици милиони“ долари, според девизните дилери, откако израелскиот шекел продолжи да поскапува во петта последователна сесија.

Според дилер во израелската банка, Централната банка на Израел почна да купува при курс од околу 3.84 шекели за долар. Девизен курс, кој брзо достигна 3.85, пред тоа беше паднал до 3,90 на 27-ми јуни по гласањето за „Брекзит“.

Од Централната банка на Израел одбиле да ги коментираат вчерашните девизни трансакции. Овој потег на централната банка доаѓа откако финансиското издание „TheMarker“ напиша дека политиката на интервенции на банката била критикувана од главниот економски советник на премиерот Бенјамин Нетанјаху – Ави Симон. Тој изјавил дека интервенцијата е еднаква на протекциона тарифа, која ги крева цените за потрошувачите, така што ја ограничува конкуренцијата при увозот. Според него само извозниците ќе настрадаат од поскапувањето шекелот и тие ќе можат да преземат 10 отсто камата на валутата.

Централната банка на Израел купува долари од 2008-ма година, па така ги зголемила резервите во девизи од околу 70 милијарди долари до 96,5 милијарди долари. Нејзината политика е насочена кон заштита на увозот, кој сочинува околу 31% од економската активност.

Според истиот дилер, Централната банка на Израел најверојатно се вмешала на пазарот, за да ги отфрли стравувањата за промена во нејзината политика. Гувернерот на банката Карнит Флуг изјави минатата недела дека интервенцијата е „интегрален дел од монетарната политика“, бидејќи спречува понатамошно поскапување.

Таа исто така истакна дека повеќето централни банки прифаќаат да применат политика, која има за цел да ја ослабне нивната валута.

„Ситуацијата може да доведе до намалување на профитабилноста на многу компании во Израел до таков степен што нема да им дозволи да го преживеат овој период“, вели Флуг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП