2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВести од светот

Вести од светот

latestnews

 

Загреб – Падот на производството на млекото во Хрватска продолжи и во февруари оваа година, според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС) собрани се 41.431 тони кравјо млеко, т.е. за 16,7 отсто помалку од пред една година. Февруари е осми месец по ред статистиката да бележи пад на откупена количина на кравјо млеко, а шести месец по ред падот е поголем од 10 отсто. Податоците на ДЗС покажуваат дека во февруари во однос на истиот месец во 2012 година намалено е и производството на млеко и сите други млечни производи.

Загреб – Претседателот на Унгарија Јанош Адер при посетата на Хрватска изрази противење за изградба на хидроелектрана на Драва и укажа дека постојат и други решенија кои се помалку штетни. – Сметаме дека постојат и други решенија кои се помалку штетни… питката вода во овој век ќе биде едно од најважните прашања – истакна Адер. Како што пренесе агенцијата Хина, Адер сепак изрази разбирање за енергетската состојба во Хрватска. Хрватското електростопанство планираше изградба на две проточни хидроелектрани Молве 11 и Молве 12, откако Унгарците претходно одбија да дадат согласност за една поголема хидроелектрана Ново Вирје.

Амстердам – Холандскиот производител на чаеви и кафе Мастерблендерс соопшти дека постигнал договор со германската инвестициска група Бенкисер ЈАБ, на која ќе биде продаден за 7,5 милијарди евра. Компаниите постигнаа рамковен договор за купување на Мастерблендерс по цена од 12,5 евра по акција. Вкупната вредност на акциите на Мастербленд изнесува околу 7,5 милијарди евра, наведува холандската компанија, додавајќи дека нејзиниот управен одбор во целост го поддржува договорот.

Москва – Руските ресорни министерства и агенциите почнуваат подготовка на проспекти за приватизација на пет стратешки државни компании, чии пакети можат да бидат продадени оваа година. Тоа го најави министерот за енергетика Александар Новак коментирајќи ги на телевизијата Русија 24 резултатите од седниците на владата, на кои во четвртокот беше разговарано за измена на планот за приватизацијата за 2013 година. Министерството за економски развој на седница на владата поднесе предлог за можност за идна приватизација на пет стратешки компании. Се работи за авионската компанија Аерофлот, московскиот аеродром Шереметјево, телекомуникациската компанија Ростелеком, Обединетата компанија за жито и нафтената компанија Росњефт.

Бишкек – Киргизија донесе цврста одлука да пристапи на Царинската унија на (Русија, Белорусија и Казахстан, рече претседателот на Киргизија Алмазбек Атамбајев во интервју за руската агенција Итар тас. Атамбејев додаде дека приклучувањето во Царинската унија не зависи само од неговата земја, туку и од земјите членки, кои треба да донесат одлука за тоа. Тој не крие дека би сакал Киргизија да ги има истите услови кои ги имаа и другите земји при основањето на Унијата, Белорусија и Казахстан тогаш добија одредени повластици.

Токио – Гувернерот на јапонската централна банка Харихуко Курода најави продолжеток на лабавата монетарна политика, се додека инфлацијата не биде близу целното ниво од 2 отсто. Тоа значи дека сегашната монетарна политика може да трае подолго од две години, ако банката процени дека тоа е потребно. Не е прикладно да се каже дека монетарното лабавење ќе трае само две години, иако централната банка се обврза дека ќе ја оствари целта за околу 2 години, рече Курода за новинарите во Токио.

Токио – Јапонските финансиски регулатори и ја свиткаа раката на локалната филијала на британската Ројал бенк ов Скотланд РБС, поради скандалот околу местење на меѓубанкарски каматни стапки Либор, откако британските и американските власти веќе ја казнија оваа банка со 612 милиони долари. Наспроти тоа што е откриено дека трговецот РБС во Јапонија учествувал во манипулирање со Либор, кое ги потресе финансиските пазари во светот и со тоа што неговите потези го загрозија интегритетот на пазарите, јапонската власт РБС за сега ја казнија само со предупредување. Јапонските регулатори се на цел на критики поради тоа што им недостасуваат заби, а предупредувањето, т.е. административната казна која Агенцијата за финансиски услуги ФСА ги наложи, само дополнително го намалува кредибилитетот на власта.

Париз, Вашингтон – Американската банка ЈП Морган во првото тромесечје оваа година оствари нето профит од 6,5 милијарди долари и рекордна добивка по акција од 1,59 долари, додека во истиот период лани реализираше нето профит од 4,92 милијарди долари, т.е. 1,19 долари по акција. Во истиот период, нето банкарскиот приход е намален за 4 отсто на 25,12 милијарди долари, додека аналитичарите очекуваа 26 милијарди долари.

Даблин – Најновите податоци за износот на финансиската помош за Кипар, според кои на таа земја недостасуваат уште шест милијарди евра, всушност лошо се протолкувани во медиумите, изјави европскиот комесар на конференцијата за медиумите по разговорот со министрите за финансии на еврозоната во Даблин. Рен укажа дека се споредуваат целосно различни податоци, објаснувајќи дека бројката од 17 милијарди евра била за потребите за нето финансирање, додека бројката од 23 милијарди евра за бруто финансирање, т.е. за дополнителна финансиска заштита.

Даблин – Министрите за финансии на еврозоната се согласуваат дека рокот за отплата на кредитите одобрени за Ирска и Португалија ќе продолжи за уште седум години, изјави шефот на Еврогрупата Јерун Дајселблум. – Министрите за финансии сакаат на состанокот да донесат конечна позитивна одлука за продолжување на рокот на отплата на кредитите, со цел да се намали притисокот на двете земји – рече Дајселблум. Продолжувањето на рокот на отплатата на кредитите е клучно за Португалија, која во 2011 година доби меѓународна помош во износ од 78 милијарди евра, сметајќи дека Уставниот суд на таа земја лани отфрли неколку мерки вклучени во буџетот за 2013 година, а ги оценуваат како незаконски.

Даблин – Австрија нема да ги менува контроверзните закони за тајноста на банкарските податоци, рече денес австриската министерка за финансии Марија Фектер. Со тоа Австрија ќе ги отфрли настојувањата на Европската унија да го ограничи затајувањето на данокот и даночните измами. Фектер изјави дека Австрија ќе остане при уставот загарантиран за гарантирана заштита на приватноста за сопствениците на депозити, додавајќи дека на европските партнери би било подобро да се фокусираат на Карибите и другите даночни оази.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП