7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИШтрајк на дел од персоналот на Alitalia

Штрајк на дел од персоналот на Alitalia

alitalia

Италијанската авиокомпанија Alitalia за вторник најави штрајк на дел од персоналот и откажа 142 лета.

Генералниот директор на Alitalia Крамер Бол упати извинување до клиентите и ја осуди одлуката на персоналот, со оценка дека е „несфатлива и неправедна“.

Тој рече дека штрајкот е организиран заради неодамнешната одлука да се укине привилегијата на пилотите и другиот персонал бесплатно да летаат во своите бази во Рим и Милано.

Во писмото на генералниот директор се наведува дека ова одлука е донесена со цел да се заштеди и дека е во согласност со политиката на другите авиокомпании во Европа и во светот.

Синдикатот на персоналот на авиокомпанијата соопшти дека штрајкот е прв во последните неколку години и дека е организиран заради условите за живот и работа на персоналот што ги трпи последиците на одлуката на управата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП