19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНов референдум може уште повеќе да ја разниша Европа

Нов референдум може уште повеќе да ја разниша Европа

renci 388

Референдум, кој се обложува на картата на иднината на премиерот на голема европска економија? Овој рефрендум веќе е познат во Европа, а во неговите рамки овој пат е Италија и нејзиниот премиер Матео Ренци.

Ренци ќе организира референдум на кој ќе се обиде да направи голема политичка реформа, која ќе стави крај на нестабилната природата, во која работи владата во земјата. На референдумот, кој се очекува да биде во октомври, ќе се гласа за намалување на бројот на сенаторите од 315 до 100 и ограничување на овластувањата на Горниот дом да ја соборат владата, пренесува „Bloomberg“.

Ако загуби на референдумот, Ренци ќе поднесе оставка, а „Citigroup“ ова го смета за најголем политички ризик во Европа до крајот на годината по „Brexit“.

Според во приносот меѓу 10-годишните италијански обврзници и шпанските обврзници со истиот период за достасување покажува дека и инвеститорите се загрижени за исходот на референдумот, поставувајќи повисока премија на италијанските обврзници.

Несигурноста околу гласањето е главно поради стекнувањето популарност на опозициската партија Движењето „5 ѕвезди“. Во минатата недела анкетата на институтот „Demos“ покажа дека тоа веќе е најпопуларната партија во Италија, така што ја надмина Демократската партија на премиерот Ренци.

Во минатиот месец битката за градоначалник во Рим беше добиена токму од кандидатот на Движењето „5 ѕвезди“, Вирџинија Раџи. Таа стана и првата жена градоначалник на Рим, а победата и беше прилично јасно изразена – 67,2% од гласовите отидоа во нејзина корист, наспроти 32,8% за нејзиниот противник Роберт Гиачети.

Движење „5 ѕвезди“ сака да одржи референдум за членството на Италија во еврозоната, а секој излез од референдумот, кој не е во корист на Ренци, може да ја дестабилизира италијанската економија во краток рок, а со тоа да го разниша и еврото.

Матео Ренци доживува потешкотии со заживувањето на економијата на Италија. Невработеноста останува на ниво од 11,5%, што е над просекот за еврозоната, но од друга страна е доста под невработеноста во Шпанија, која се задржува на ниво од околу 20%. ММФ прогнозира раст на БДП-то на Италија од 1,1% во 2016-та.

Дури сепак да дојде до референдум за членството на Италија во ЕУ и соодветно во еврозоната, во моментов веројатноста за „Italexit“ е мала.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП