21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРускиот пазар без проблем го поднесе Brexit

Рускиот пазар без проблем го поднесе Brexit

русија-берза

Рускиот пазар, за разлика од некои западни, без проблем го поднел Брегзит, наведуваат финансиските портали.

Во Русија, по објавата на резултатите од референдумот, при отворањето на Московската берза, MICEX индексот падна 3,28 отсто, но веќе до крајот на денот беше делумно надоместен.

Индексот почна да расте во вторник, до крајот на главната трговска сесија 0,84 отсто до 1857,23 бодови.

Растот на цените на руските хартии од вредност забележан е и на берзите во Лондон. Вредносните хартии на Лукоил пораснаа 1,25 отсто, додека на Новатекс 1,27 отсто.

Брегзит, неочекувано демонстрираше стабилност на руската економија во однос на глобалните шокови.

Благодарејќи на силниот ‘одлив’ на капиталот претходните години и санкциите, рускиот пазар стана „рај за инвеститорите“.

„Ретка е ситуацијата во која во светот сѐ оди на лошо, а за Русија да нема ништо посебно лошо во тој случај. Руските државни обврзници не паднаа, акциите и натаму имаат ист тренд, иако се блиску до долната граница. Рубљата изгледа добро“, наведува Bloomberg.

Според податоците на Financial Times, за два дена тргување по победата на евроскептиците на референдумот во Велика Британија, глобалните берзи загубија три трилиони американски долари, од што берзите на развиените земји загубија 2,8 трилиони.

Тоа е најголем дводневен пад по колапсот во ноември 2008 година заради финансиската криза.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП