6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСребро или злато - каде се насочуваат парите по Брекзит?

Сребро или злато – каде се насочуваат парите по Брекзит?

gold silver333

Цената на среброто успеа да достигне 21 долари за унца, а највисока вредност на металот за последните 2 години – 21.23 долари. Среброто додаде 8,6% за два дена, што е најголемо дводневно зголемување од мај 2011-та година.

Силниот раст на фјучерсите на среброто со испорака во септември беше проследен со минимален пад, а тоа најверојатно се должи на вовлекување на добивката на дел од инвеститорите. Иако по „Брекзит“ среброто додаде околу 18%, тоа останува со 60% поевтино во однос на рекордните нивоа од 2011-та година од над 49 долари за унца.

Во минатата недела од „Societe Generale“ ги зголемија долгорочните цени за металот. Од француската банка предвидуваат дека просечната цена на среброто за остатокот од годината ќе изнесува 18 долари, пред да се намали до 17.50 долари во 2017-та година и 15 долари за 2021-ва година.

Во последните 10 дена цената на златото пак додаде само 8%. Металот заостанува по раст во однос на среброто и од почетокот на годината, но тоа не ги спречува дел од аналитичарите да се позитивно настроени за овој метал. Поради несигурноста по „Брекзит“, како и поради ниските и негативните камати, златото денес се смета за една од најсигурните инвестиции. Според мислењето на главниот инвестициски директор на „Swiss Asia Capital’s Singapore“, Јорг Кинер, златото може да достигне рекордни вредности во следните 18 месеци.

Очекувањата на „Societe Generale“ пак за просечна цена од 1330 долари за унца за овој квартал, 1350 долари за четвртиот квартал од 2016-та година и првиот од следната година, како и нов раст за целата 2017-та година, пред меѓу 2018-та и 2021-ва година да гледаме пад на цената на металот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП