25 април, 2024
ПочетнаБЕРЗАБерза-неделен преглед

Берза-неделен преглед

НЕДЕЛЕН ПРЕГЛЕД

(08.04 – 12.04.2013)

 

 

Неделата што е зад нас ја одбележа нов пораст на тргувањето, на остварениот неделен промет како и на вредноста на двата индекси на акции. Тој достигна 34 милиони денари и за 15,6% беше поголем од неделата претходно, додека индексот МБИ-10 порасна за +0,40% а МБИД за +0,12% на неделно ниво. Поинтензивното тргување со државните обврзници за денационализација (остварен промет од 6,3 милиони денари или 18,4% од вкупниот промет) придонесе индексот на обврзници ОМБ неделата да ја заврши со пораст од +0,98%.

Останатиот промет беше порамномерно распореден во неколку акции. Најтргувана беше акцијата на Реплек Скопје со промет од 3,9 милиони денари, Алкалоид Скопје имаше промет од 3,3 милиони денари, Македонски Телеком Скопје од 3,2 милиони денари, а Комерцијална банка Скопје од 3 милиони денари. Меѓу акциите со промет од над милион денари влегоа и Гранит Скопје со 2,9 милиони денари неделен промет, ЗК Пелагонија Битола со 2,3 милиони, Макпетрол Скопје со 1,9 милиони, Дуропак Скопје со 1,8 милиони денари и ТТК банка Скопје со 1,1 милион денари промет. Се на се, убаво дистрибуиран промет во неколку компании и банки што секако дава една попозитивна слика за ликвидноста на Македонската берза.

Во неделата што е пред нас, инвеститорите ќе бидат во очекување на првите исплати на дивиденди во 2013 година и надеж дека истите ќе се реинвестираат и ќе завршат повторно на берзата.

На регионалните берзи. SBI10 неделата ја заврши со силен раст од +4,45%, што се должеше на се погласните предлози за приватизирање на неколку компании во кои државата има доминантна сопственост, како и на предлогот за емитирање на 18 месечни државни записи во вредност од 500 милиони евра. Crobex забележа неделен пад од -0,21%, Белградскиот Belex забележа нешто поголем пад од -1,47%, додека софискиот Sofix имаше пораст од +0,72%.

На берзите во САД продолжи биковото стампедо со несмалено темпо. Влегувањето на се повеќе нови инвеститори на пазарот на капитал кои по долго колебање дали да се вложи или не, се сè повеќе присутни во тргувањето, брзото затворање на кратки позиции како и уште побрзото отворање на нови се дел од причините за понатамошниот раст на цените на акциите. Ако на тоа се додаде и константното влевање на нова ликвидност на финансиките пазари од страна на ФЕД, растот барем засега изгледа загарантиран. S&P 500 неделата ја заврши со пораст од +1,65%, DOW JONES имаше раст од +1,72%, а NASDAQ од +2,26%. Позитивните вибрации од САД и Јапонија се пренесоа и на европските берзи. DAX забележа неделен пораст од +1,07%, FTSE 100 ја затвори неделата со раст од +1,71%, додека францускиот CAC 40 имаше идентичен раст од +1,71%. На азиските берзи, промените во јапонската монетарна политика и понатаму имаа оддек на берзите, па така јапонскиот NIKKEI 225 имаше пораст од +2,18%. HANG-SENG забележа пораст од +1,71%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП