5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПотпишување договор меѓу РМ и УНЕСКО за основање на ИЗИИС како Институт...

Потпишување договор меѓу РМ и УНЕСКО за основање на ИЗИИС како Институт од втора категорија

изиис

Договор меѓу Република Македонија и УНЕСКО за основање на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија – ИЗИИС при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје како Институт од втора категорија под покровителство на УНЕСКО со фокус на подготвеност кон катастрофи и намалување на последиците од нив, ќе биде потпишан во вторник во Париз.

Договорот во името на Република Македонија ќе го потпише в. д. амбасадорот на Република Македонија во Париз, Габриел Атанасов, а од УНЕСКО – генералниот директор, Ирина Бокова. На потпишувањето ќе присуствува и директорот на ИЗИИС, проф. д-р Михаил Гаревски.

Со востанувањето на овој центар, Македонија ќе даде свој придонес во насока на преземање превентивни мерки од природните катастрофи – земјотреси како во регионот, така и на глобално ниво.

Апликацијата на Република Македонија за основање на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) во Скопје како Институт под покровителство на УНЕСКО од Категорија 2 беше потврдена за време на 37-та Генерална конференција на УНЕСКО одржана пред три години во Париз.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП