27 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБрокеншир: Европјаните можат да останат, доколку можат и Британците во ЕУ

Брокеншир: Европјаните можат да останат, доколку можат и Британците во ЕУ

brokensir

Велика Британија по излегувањето од Европската унија(ЕУ) не би требало на европските државјани да им го гарантира правото на останување во државата доколку не добие еднакви реципрочни ветувања од другите држави на ЕУ, изјави во понеделник Џејмс Брокеншир, британскиот министер за имиграции.

Статусот на странските државјани што живеат во Британија, како и на Британците што живеат во другите држави на ЕУ, стана предмет на политички судири откако Велика Британија излезе од Унијата која гарантира слобода на движењето на работниците.

„Се зборува дека британската влада на државјаните на ЕУ во целост ќе им го гарантира правото да останат во државата. Тоа не би било мудро без паралелно ветување на европските влади дека истото ќе го направат за британските државјани што живеат во нивните држави“, рече Брокеншир.

Тој истакна дека државјаните на ЕУ и натаму се добредојдени во Британија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП