5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПромет од близу 8 млн денари со обврзницата РМДЕН15

Промет од близу 8 млн денари со обврзницата РМДЕН15

mk berza kke

Вкупниот промет на Македонската берза во понеделникот изнесуваше малку повеќе од 10 милиони денари, остварени преку 41 трансакција и притоа беше истргувано количество од 142.333 лотови.

Најголем промет од 7.989.606,10 денари беше реализиран со количество од 140.000 обврзници за денационализација РМДЕН15, истргувани преку 16 трансакции по просечна цена од 92,50 отсто од номиналната вредност.

Водач на листата на прометот по акции беше акцијата на Алкалоид АД Скопје, како единствена акција со промет од над милион денари, поточно 1.363.525 денари. Денот го заврши на вредност од 5.020 денари, со пад на вредноста на акцијата од 0,15 отсто.

Индексот МБИ-10 забележа раст од 1,81 отсто и заврши на вредност од 1.759,69 индексни поени, додека индексот ОМБ, и покрај остварениот поголем промет, остана непроменет на вредност од 126,89 индексни поени.

Листата на добитници ја предводеше акцијата на Макпетрол АД Скопје, со раст од 10 отсто и просечна цена од 21.472 денари. Зад неа следеше акцијата на РЖ Услуги АД Скопје со раст на акцијата од 3,17 отсто и просечна цена од 65 денари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП