Државата ќе враќа до 3.000 евра за автомобил купен од инвалидизирано лице, со цел полесен пристап на лицата со инвалидност до превозно средство.
Секој со најмалку 80 отсто инвалидност на долните екстремитети, со умерена, тешка и длабока интелектуална попреченост, потполно слепо или глуво лице, или пак нивни старатели или родители од денеска до септември може да поднесат барање за рефундирање средства за платени царински давачки, данок на додадена вредност и акциза за набавка на патнички автомобил за овие лица.
Најголем износ кој може да биде рефундиран е 180 илјади денари, а за овој проект предвидени се средства во висина од 9 милиони денари од Буџетот на Министерството за труд и социјална политика за рефундидарње средства за платени давачки за 50 автомобили за 2016 година.
Предност при рефундирањето на средствата ќе имаат лицата во чии семејства има и друго лице со инвалидност, кои активно бараат работа, имаат пониски приходи во семејството…
Барањата можат да се поднесуваат до надлежните центри за социјална работа каде ќе биде разгледано од комисија формирана за таа намена. Во Прилог на барањето треба да се поднесат и наод оцена и мислење на надлежна комисија за утврдена категорија инвалидност на која се однесува проектот, примерок или заверена копија од царинска декларација не постари од 12 месеци од денот на подмирување на царинските давачки и акцизите при увоз на автомобилот, издадени од царински орган, доказ за платен данок на додадена вредност.
По завршувањето на огласот, како што информира минстерот Диме Спасов, комисијата ќе изврши увид во домот на барателот, а откако ќе заврши рокот за доставување на барања, а комисијата за рефундирање на средства за набавка на патнички автомобил ќе одлучува во однос на поднесените барања.