16 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФараж, човекот заслужен за Брегзит поднесе оставка, ја исполнил мисијата

Фараж, човекот заслужен за Брегзит поднесе оставка, ја исполнил мисијата

farage 3535

Најџел Фараж, лидерот на Партијата за независност на Велика Британија, кој е најзаслужен за излегувањето на Велика Британија од Европската унија, поднесе оставка од лидер на партијата.

По оставката на премиерот Дејвид Камерон кој овозможи да се одржи референдумот за напуштање на ЕУ, следуваше Борис Џонсон, поранешниот градоначалник на Лондон и најгласен заговорник на Брегзит кој се откажа од кандидатурата за премиер на земјата, а сега и Најџел Фараж – третиот клучен човек за Брегзит.

„Никогаш не сум бил и никогаш не сум сакал да бидам политичар кој ќе гради голема кариера. Мојата цел во политиката беше да ја изнесам Велика Британија надвор од Европската унија. Поради тоа, чувствувам дека е во ред сега да го отстапам местото лидер на партијата“, изјавил Фараж.

Тој смета дека „го завршил својот дел од работата“ – Британците да си ја добијат државата назад, и сега тој сака да си го врати својот стар живот назад. Фараж рекол дека партијата сега е добро позиционирана и овој пат порачал дека нема да се премисли како што било случај минатата година.

Велика Британија, по референдумот на кој изгласа излегување од ЕУ, се соочува со големи протести, главно на младите луѓе, кои не сакаат да се признаат резултатите од референдумот и кои сакаат да останат дел од Европа, но и со низа на проблеми како што се барањето на Шкотска за останување во ЕУ и „прашањето“ за Северна Ирска кое што допрва ќе се отвори, пренесува „БиБиСи“.

Британија ќе добие нов премиер на есен. Фунтата загуби 10 отсто од вредноста во однос на доларот, британските акции паѓаат на светските берзи, а големи компании сега веќе размислуваат да ги преселат своите централи од Лондон, досегашниот финансиски центар на ЕУ, во Франкфурт или Париз.

Според податоците на “Financial Times”, за два дена тргување после победата на евроскептиците на референдумот во Британија, на глобалниот пазар со акции биле загубени три билиони долари, од кои берзите на развиените земји загубиле 2,8 билиони. Тоа е најголемиот дводневен пад после колапсот во ноември 2008-ма година поради големата финансиска криза.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП