12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПехчево: Адреналинска авантура за победување на стравот

Пехчево: Адреналинска авантура за победување на стравот

пех1

Љубителите на екстремните и адреналински спортови ќе може да ги испробаат своите вештини во јазење и прескокнување на височина до 6 метри меѓу високите стебла на прекрасната борова шума на новоизградената адреналинска патека на истокот од Македонија во Пехчево.

пех2

„Авантуристички парк е место кое може да содржи широк спектар на елементи како објекти кои обично се користат за рекреација и доживување на авантура, а во нашиов случај се направени препреки од јажиња и сајли, како и од дрво, кои висат закачени на дрвја или се напавени од некој друг материјал на височина од 4 м до 6 м, поврзани меѓусебе со платформи“, вели Никола Каракашов од Општина Пехчево, кој додава дека луѓето се качуваат, се јазат и поминуваат разни пречки на патеката.

пех3

Бидејќи патеката бара физичка и психичка подготвеност и нуди надминување на стравот од височина, наречена е адреналинска патека.

пех4

Патеката е во должина од 360 метри, додека другиот дел е ткн zip-линија, поточно јажиња или сајли кои висат од еден крај на друг крај од зграда, рид, планина, а по нив се помнинува преку реки, кањони, или на патеката во Пехчево, преку бара. Должината на zip-линијата е 240 метри.

„Другиот опис е како да си во видео игра и треба да стигнеш од една до друга дестинација. Овие паркови обично се фамилијарни и може да бидат забавни за целото семејство“, вели Каракашов во разговорот за Макфакс.

пех5

Паркот е составен од три дела; адреналинска патека која има 38 рампи од кои 26 се само за возрасни, а 12 каде на возрасните им се приклучуваат и децата, zip-линија за ворасни и за деца и дел кој е наменет за најмалите, за да може целото семејсто да помине дел од денот за одмор.

пех6

Патеката во должина од 600м поделена на два дела и тоа адреналинска патека 360м и zip-линија 240м е направена од алпинистички јажиња, железни сајли и разни дрвени препреки и објекти преку кои се поминува.

„Идејата за пректот дојде, при посета на Македонија на еден мој пријател од Хета, Финска кој ни покажа каков парк имаат тие таму за развој на алтернативниот туризмам во областа Лапленд, па решив дека ова еден ден мора да го направиме и во Македонија. Го напрвивме проектот и најдовме финансии, а Пехчево беше најсоодветна општина за рализација, затоа што таа се стреми за развој на туризам на разни начини како алтернативен, планинаски, фестивалски туризам и одговараше на потребите за еден таков авантуристички парк. Исто така, наидовме на позитивен прием од стара на сопстевникот на хотел „Гогов“ во Пехчево кој ќе се грижи за понатамошното оддржување на паркот и да обезбеди тренери/водичи за паркот“, вели Каракашов.

пех7

Паркот се гради од пари од Општина Пехчево и од хотел „Гогов“, а чини 1.000.000 денари.
Паркот се градеше пет месеци, а официјалното пуштање во употреба е закажано за 10 јули 2016 година.

За паркот се обезбедени водичи/тренери за да пружат обука на посетителите на паркот или да пружаат помош за поминување на некоја препрека и спуштање на земја. Ако корисниците на паркот се придржуваат кон упатствата на тренерот/инструкторот и ја ностат опремата е загарантирана е 100 отсто безбедност на оние кои ќе се пробаат на височина од 4 до 6 метри да ја изодат патеката.

пех8

Според нашиот соговорник општината може да има голем бенефит од паркот, затоа што тоа е уште една дополнителна туристичка понуда за привлекување посетители, што ќе продуцира финансиска добивка и за граѓаните, авантуристичко доживување за туристите и посетителите. Планираат да го промовираат преку постоечките медиуми, а повремено да се организираат кампањи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП