8 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЗапочна производството на моделот Q2 (фото)

Започна производството на моделот Q2 (фото)

mali q2 00

„Audi“ го стартуваше производството на новиот мал кросовер кој светска премиера имаше на саемот за автомобили во Женева, во март 2016-та.

mali q2 01

„Audi Q2“ ќе се изработува во главната фабрика на германскиот производител, во Инглоштат. Станува збор за најголемиот погон на „Audi“ и втората по големина фабрика за автомобили во Европа од која годишно од производната лента се симнуваат преку 500.000 aвтомобили – по едно ново „Audi“ на секои 30 секунди.

mali q2 02

„Q2“ е долг 4,19 метри, широк е 1,79, а висок е 1,51 метри, додека меѓуосовинското растојание изнесува 2,6 метри, што го сместува во класата на поткомпактни кросовери. Купувачите ќе можат да изберат меѓу шест погонски единици, во распон од 116 ks дo 190 ks.

mali q2 05

Основниот модел ќе добие моќ од трицилиндарскиот 1.0-литарски „TFSI“ мотор, а покрај него во понудата ќе бидат и два четирицилиндарски турбо бензинци со зафатнина од 1.4 и 2.0 литри. Дизел понудата се состои од 1.6 литарски „TDI“ и две верзии на 2.0 литарски „TDI“ мотори.

mali q2 06

Моќта стандардно се пренесува на предните тркала (освен кај 2.0 литарскиот „TFSI“ и 2.0 литарскиот „TDI“, верзии кои имаат „quattro“ погон) со помош на шестбрзинскиот мануелен менувач, додека како опција е понуден и седумстепен „S tronic“ со двојно квачило.

mali q2 04

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП