17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТоронто е лидер на глобалната листа за раст на кириите на луксузни...

Торонто е лидер на глобалната листа за раст на кириите на луксузни домови

torontoto 399

Торонто е лидер по раст на кириите на првокласно домување на глобално ниво во првиот квартал, покажуваат податоците на консултантската компанија „Knight Frank“. Изнајмување на луксузните станови во градот забележа раст од речиси 9% за периодот јануари-март 2016-та година во однос на истиот период од минатата година. За кварталот зголемувањето е малку над 6%, а за шестмесечен период е 6%.

Втор по големина на кириите на првокласните домови во светот е кинескиот град Гуангжу – 5,3% на годишна основа и 0,1% за кварталот. На трето место е Кејптаун со 1,5% годишно зголемување.

Топ пет се дополнува од Шангај и Виена, а топ 10 – од Тел Авив, Тајпеј, Токио, Москва и Пекинг.

Од друга страна е главниот град на Кенија, Најроби, кој до пред неколку квартали редовно присуствуваше во челото на листата. Годишниот пад на кириите на луксузните станови таму достигнува речиси 8% во првиот квартал.

На второ место е Хонг Конг, каде продолжува корекцијата на пазарот на домување во позадина на напорите на локалната власт да ја подобри пристапноста на пазарот на недвижности. Третото место е за Женева, откако во Швајцарија исто така, започна процес за корекција на цените.

Меѓу пазарите со пад на кириите на првокласното домување се наоѓаат уште Сингапур, Њујорк, Цирих, Лондон, Пекинг и други.

На глобален план индексот, кој се одразува на динамиката на кириите на луксузните станови, се намалува за трет квартал. За периодот јануари – март падот достигнува 0,5%, според експертите.

Најдобри перформанси за регионален пазар е Северна Америка со раст од просечно 3,3%. Истовремено Африка ја заменува Европа како најслабо претставен регионален пазар со среден пад од 3,2%. Падот се објаснува со падот на цените на нафтата, кои променија плановите компаниите за екстракција и тие почнаа да повлекуваат персонал. Во некои од африканските држави сериозен проблем се и терористичките напади поради кои меѓународните компании го преиспитаа своето присуство.

Генерално глобалниот пад се објаснува од компанијата со несигурноста на пазарите поради претстојното излегување на Британија од Европската унија, изборите во САД и точното време за зголемувањето на каматите во Земјата на неограничените можности. Многу од меѓународните компании чии вработени се основата меѓу станарите на првокласни домови низ светот, во моментов чекаат, за да проценат како да продолжат со плановите за глобален развој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП