6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Љубојна“ го отвора културното лето во Кисела Вода

„Љубојна“ го отвора културното лето во Кисела Вода

лјубојна

Со настапот на етно групата „Љубојна”, во понеделник вечер, општина Кисела Вода свечено ќе го отвори годинешното културно лето.

Целовечерниот концерт ќе се одвива во Паркот на бранителите во населбата Драчево, со почеток во 20.30 часот.

Променетата локација е поради влошените временски услови.

Општина Кисела Вода ги поканува сите љубители на звукот на овој етно состав да бидат дел од вечерашното случување во Паркот на бранителите во населбата Драчево. По концертот ќе следи голем огномет.

Театарската претстава „Чолак”, која исто така беше одложена, доколку го дозволат тоа временските услови, ќе биде изведена во среда, на претходно закажаната локација Три круши, во селото Драчево.

На локалитетот Три круши, како што веќе беше најавено, ќе се изведат и сите останати содржини кои се дел од годинешното „Три круши 2016”.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП