20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗа само неколку дена Турција e повторно топ дестинација

За само неколку дена Турција e повторно топ дестинација

turkey-hot-air-ballooning-over-uchisar-village-cappadocia

Само неколку дена по укинувањето на забраната за продажба на туристички аранжмани, Турција стана најпопуларна дестинација за туристите од Русија, пишува Комерсант.

Како што наведува, по укинувањето на забраната и обновата на чартер летови за Турција, познатите летувалишта како Бодрум, Кушадаси, Мармарис и Анталија сочинуваат вкупно 35 проценти од побарувачката.

Потсетуваме, рускиот претседател Владимир Путин минатиот четврток потпиша указ за укинувањето на ограничувањето на продажбата на туристички аранжмани за Турција и и наложи на својата влада да разговара со колегите од Анкара со цел да се воспостават економски односи меѓу двете држави.

Истовремено, Путин побара да се преземат сите неопходни чекори со цел да се воспостават авионски линии за чартер летови меѓу Русија и Турција.

Одлуката за помирување меѓу Москва и Анкара следеше откако турскиот претседател и се извини на Русија поради соборувањето на рускиот бомбардер Су 24 во ноември минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП