20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНевработеноста во Бразил остана заглавена на рекордно ниво

Невработеноста во Бразил остана заглавена на рекордно ниво

brazil 33ek

Стапката на невработеност во Бразил остана заглавена на рекордните 11,2 проценти на крајот на мај оваа година, соопшти Владината канцеларија за статистика.

Од март до крајот на мај, оваа стапка остана непроменета во однос на претходните три месеци, при што без работа биле 11,4 милиони луѓе според официјалната евиденција, наведе бразилскот Институт за географија и статистика IBGE, пренесува агенцијата Афп.

Пред една година, стапката на невработеност изнесуваше 8,1 проценти.

Тмурните изгледи за вработувањата се последица од тоа што Бразил се бори со најдлабоката рецесија во последните неколку децении, а се очекува дека во оваа година бруто домашниот производ БДП ќе падне за 3,8 проценти, по сличниот процент на пад минатата година.

Бразил тешко го погоди светската криза од цената на нафтта и другите сировини, како и ширењето на големиот корупциски скандал во државната Petrobras и парализата на политичките органи на власта, бидејќи противниците на суспендираната претседателка Дилма Русев бараа нејзино соборување од власта, наведува француската агенција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП