21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДури 80 отсто Шпанци под 30 години живеат со родителите

Дури 80 отсто Шпанци под 30 години живеат со родителите

deca roditeli 355

Новиот извештај покажува дека младите Шпанци се потешко го напуштаат „гнездото“.

Само 20,5 отсто од младите Шпанци успеале да се отселат од дома во последните шест месеци од 2015 година, што е за 4,81 отсто помала бројка од истиот период во 2014 година, според Советот за млади на Шпанија.

Во извештајот објавен на 1-ви јули, Советот открива дека дури и оние кои се отселиле од дома, дури 84 отсто делат стан со двајца или тројца други.

Според извештајот, жените полесно го напуштаат домот од мажите.

Влошувањето на состојбата, според Советот, се должи на фрагилната состојба на пазарот на труд во Шпанија, како и тешките услови при наоѓање живеалиште.

Стапката на невработеност кај младите во Шпанија изнесуваше 50 отсто, од почетокот на економската криза, а сега е 46,2 отсто.

Илјадници млади луѓе заминуваат од земјата во потрага по работа, и тоа во Велика Британија, Германија и Франција.

Шпанската невработеност е највисока во ЕУ по Грција, а многу млади се борат да најдат работа.

Повеќето млади кои работат тоа го прават сезонски или на половина работно време, дури 92,9 отсто од сите договори за вработување на лица под 29 години, се привремени, а само 7,1 од договорите се на неопределено.

Студијата покажува дека 57 отсто од Шпанците се преквалификувани за работата што ја обавуваат.

Извештајот предупредува и на ризикот од сиромаштија со кој се соочуваат младите во Шпанија, а во 2014 година 36,4 отсто од младите живееле во сиромаштија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП