7 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕНајскапи хотелски комплекси

Најскапи хотелски комплекси

Marina-Bay-Sands-Photo-Singapore

Двете најскапи модерни градби се наоѓаат во Сингапур, „Marina Bay Sands“ чија вредност е проценета на шест милијарди долари и „Resorts World Sentosa“ (5.38 милијарди долари).

Првопласираната „Marina Bay Sands“ се состои од хотелски комплекс со 2.600 соби и казино, музеј во форма на лотос и највисоко изградениот базен во светот кој се наоѓа на 55-иот спрат или на 240 метри над земја. Најниската цена за ноќевање изнесува 419 долари.

На второ место е „Resorts World Sentosa“, градба во која е вклучено и казино, парк на „Universal Studio“ како и најголемиот подводен океански парк во светот, но и хотелски комплекс кој се состои од шест хотели со вкупно 1.800 соби, многу ресторани и луксузен трговски центар.

Aerial view of the Emirates Palace.

Третото место му припадна на хотелот со седум ѕвезди во Абу Даби, „Emirates Palace“ кој е проценет на 4.46 милијарди долари.

Покрај сместувачкиот капацитет на хотелот во овој комплекс е вклучен и парк од 85 хектари и плажа долга 1.3 километри. Просторот пред хотелот е прекриен со мермер, а многу детали од него се позлатени. Цените за ноќевање за едно лице се движат од 500 до 11.000 долари.

Хотелот „Cosmopolitan“ во Лас Вегас се најде на четвртото место поради тоа што е проценет на 4.16 милијарди долари. Покрај сместувачкиот капацитет овој хотел има и базени, ноќни клубови, барови, театри, како и црква која е предвидена за венчавки.

cosmopolitan

На петата позиција е „One World Trade Center“ во Њу Јорк кој е проценет на 3.89 милијарди долари, а чија изградба започна во 2006-та година на местото на Кулите близначки. Се очекува изградбата да биде завршена до крајот на оваа година, а висината на оваа кострукција би требало да достигне 1776 метри како потсетување за независноста на САД.

Шестопаласиран е хотелот „Wynn Resort“ во Лас Вегас со вредност од 3.26 милијарди долари. Хотелскиот комплекс содржи 4750 соби од 58 па до 650 м2, како и два ноќни клуба, терен за голф и уметничка галерија.

Седмото место му припадна на највисокото казино во светот „Venetian“ кое се наоѓа во Макао, а чија вредност се проценува на 2.97 милијарди долари.

28macao.600

На деветото место се најде единствената градба која не е ниту хотел, ниту казино. Станува збор за вилата „Antilia“ на индискиот бизнисмен Мукеш Амбани од Бомбај која има 27 ката и вредноста и се проценува на 2.53 милијарди долари. Таа е сместена на површина од 37.000 м2, а за неа се грижат 600 луѓе.

Десетопласиран е хотелот-казино „Bellagio“ во Лас Вегас кој вреди 2.29 милијарди долари. Хотелскиот простор е уреден со многубројни фонтани кои претставуваат копии на најпознатите фонтани во светските метрополи.

LAS VEGAS, NV-12/31/99:Bellagio w/Fountains.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП