4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛагард: Brexit им дава на европските земји повеќе слобода за реформи

Лагард: Brexit им дава на европските земји повеќе слобода за реформи

lagard-kristin

Излегувањето на Велика Британија од Европската унија им дава на европските челници повеќе слобода за спроведување на реформите и промоција на проектите против кои истапуваа Британците, смета извршната директорка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристин Лагард.

„Слушав како комесарите на Европската унија еден по друг зборуваат ‘Тоа е толку сложено, ние не можеме да го сториме тоа поради Британците“, ја цитира Лагард американското издание на Financial Times.

Челничката на ММФ, притоа, го изразува мислењето дека Европската унија ќе биде посилна по излегувањето на Велика Британија од блокот.

Минатата седмица, откако беше познат исходот од британскиот референдум, Лагард го повика Лондон да осигури непречена транзиција кон новите економски односи меѓу Британија и ЕУ, откако реши да ја напушти Унијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП