8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПатниците гневни за откажаните летови на „Vueling“

Патниците гневни за откажаните летови на „Vueling“

pic_vueling_agreement-848x477

Шпанската нискотарифана воздухопловна компанија „Vueling“ кој откажа во саботата 20, а во неделата 14 летови, предизвика големи проблеми на аеродромот во Барселона, како и гнев на патниците ширум Европа и на властите во Каталонија.

На самиот почеток од периодот од годишните одмори, повеќе десетици летови доцнеа, а уморните и бесни патници предизвикуваа турканици на шалтерите на „Vueling“.

Соочени со таквата ситуација, властите на покраината Каталонија, соопштија во неделата дека разгледуваат санкции против воздухопловната компанија, чијашто база е на аеродромот „Ел Прат“ во Барселона.

Повикана е управата на компанијата на итен состанок во понеделникот, за да се побара промена на ставовите и решение за патниците. Од „Vueling“ само изјавија дека откажувањето на летовите е поради „оперативни мотиви“ со извинување до патниците.

Синдикатот Stavla, кој го сочинува кабинскиот персонал, ги припишува тешкотиите од последните денови на лошото планирање на летовите во текот на летото кое било премногу амбициозново однос на капацитетите на компанијата.

Проблемите, исто така, се припишуваат и на штрајкот на контролорите на летањето во соседна Франција, која е една од поважните дестинации на „Vueling“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП