11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБрзо закрепнување на светските берзи по Brexit-от

Брзо закрепнување на светските берзи по Brexit-от

bregzit

На светските берзи цените на акциите минатата седмица силно пораснаа, надоместувајќи ги речиси сите загуби кои се јавија веднаш по шокот Велика Британија да ја напушти Европската унија.

На Волстрит минатата седмица Dow Jones скокна за 3,2 отсто, на 17.949 поени, за колку што порасна и S&P 500, на 2.102 поени, а Nasdaq индексот скокна за 3,3 отсто, на 4.862 поени.

Минатата седмица S&P 500 индексот го забележа најголемиот седмичен скок од ланскиот ноември, па сега во однос на почетокот од годинава е во добивка од околу 3 отсто, додека од рекордното ниво, достигнато во мај 2015-та, е оддалечен за само 30-ина поени

И на европските берзи цените на акциите минатата седмица силно пораснаа. Лондонскиот FTSE индекс скокна за 7,1 отсто, на 6.577 поени, додека франкфуртскиот зајакна за 2,3 отсто, на 9.776 поени, а парискиот CAC за 4,1 отсто, на 4.273 поени.

На токиската берза индексот Nikkei минатата седмица скокна за 4,9 отсто, на 15.682 поени.

MSCI индексот на сите светски берзи скокна во последните четири дена од минатата седмица за 6 отсто, но и натаму е во благ минус во однос на нивото на коешто беше во пресрет на британскиот референдум од 23-ти јуни.

Откако во двата дена непосредно по одлуката за Bexit-от индексите го забележаа најголемиот дводневен пад во последните десет месеци, од вторникот пазарот се опоравува, па до крајот на седмицата берзанските индекси ги надоместија речиси сите загуби.

Најголемото изненадување, според аналитичарите, претставува силниот залет на лондонскиот FTSE, кој сега е дури 4 отсто над нивото на коешто беше пред референдумот.

Растот на цените на акциите дојде во прв ред благодарејќи на надежите дека американската централна банка поради британското излегување од ЕУ и поради нарушувањата на пазарите би можела да се воздржи од зголемувањето на каматите, додека другите централни банки би можеле дополнително да ја олабават монетарната политика, што и го стори британската.

Меѓутоа, некои аналитичари, сепак, сметаат дека економската и политиката несигурност поврзана со Brexit-от следните седмици може да ги држи вложувачите на претпазливост.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП