17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФунтата и натаму под притисокот поради Brexit-от

Фунтата и натаму под притисокот поради Brexit-от

funta

На светските валутни пазари и минатата седмица во фокусот беше британската фунта, а нејзиниот курс во однос на американскиот долар се движи околу најниските нивоа во последните 31 година, бидејќи вложувачите се претпазливи поради можните последици од излегувањето на Велика Британија од Европската унија.

На крајот од тргувањето во петокот, курсот на британската фунта изнесуваше 1,3270 американски долари, што е 3 отсто помалку отколку една седмица претходно, а во еден момент се лизна и на само 1,3122 долари, новото најниско ниво од 1985 година.

Еврото, пак, се стабилизираше и неговата цена во однос на американската валута минатата седмица порасна за 0,2 отсто, на 1,1235 долари. Еврото зајакна и во однос на јапонската валута, за 0,5 отсто, на 114,20 јени,

И доларот порасна во однос на јенот, и тоа за 0,3 отсто, на 102,50 јени.

Минатиот понеделник курсот на фунтата потона на споменатото ново најниско ниво по повеќе од три децении, бидејќи и натаму беше под притисокот на референдумската одлука за напуштање на ЕУ. Во следните два дена на пазарите стивна шокот од Brexit-от, па фунтата надомести дел од нејзините загуби.

Нејзиното закрепнување, меѓутоа, не траеше долго бидејќи веќе во четвртокот повторно се најде под притисок, откако гувернерот на централната банка Bank of England (BoE), Марк Карнеј, изјави дека банката веројатно ќе мора уште летово да воведе нови економски поттикнувачки мерки. Поради тоа и на крајот од седмицата фунтата се најде под притисок.

Вложувачите внимателно ја следат секоја изјава којашто доаѓа од централните банки и од министрите за финансии, бидејќи очекуваат потези кои би го поддржале растот на глобалната економија, кој и пред Brexit-от забавуваше.

Истовремено Европската централна банка (ECB) ја отфрли можноста од натамошно олабавување на монетарната политика, порачувајќи дека нејзината политика и онака веќе сега е многу лабава.

Меѓутоа, дополнителни мерки за поттикнувања се очекуваат од јапонската и од кинеската централна банка, додека американската Federal Reserve (Fed), како што се очекува, ќе се воздржи од зголемувањето на клучните каматни стапки до крајот на годинава.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП